Арсовски: Молчи Шилегов за милионот за сопругот на Царовска за дронска детекција на болни растенија

Според него, очигледно е дека еден милион денари одат на контото на семејството на Мила Царовска, за работа која ќе остане недовршена, односно на крајот од проектот Градот Скопје пак би немал извештај од што се болни и како да се третираат растенијата.

303

Молкот од страна на Град Скопје за тендерот за дронска детекција на болести кај растенија и вегетација е показател дека се работи за нелогична, несвојствена и ненормална набавка во ова време во Градот Скопје, рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНе Димче Арсовски.

– Мрзеливиот Шилегов е должен да им објасни на граѓаните како и зошто ќе ги троши нивните пари, односно што ќе работи фирмата на сопругот на Мила Царовска „Флај Кем“ и како ќе ги троши тие еден милион денари од Градот Скопје доделени? Ако се земат предвид условите кои ги нуди фирмата „Флај Кем“, тоа е само дронско летање, а таму има еден вработен во таа фирма, тоа е сопругот на Мила Царовска. Ако се земе предвид мислењето на експертите, не постои дрон што може да детектира болест кај вегетација и растенија. И на крај ако се земе фактичката состојба во предвид, не постои служба ниту пак експерти во Градот Скопје кои би направиле испитување на тие болни растенија, за да има конечен резултат градот од што се болни и како се болни, и како да се третираат. Впрочем за тоа најверојатно се прави овој проект – констатира Арсовски,






Според него, очигледно е дека еден милион денари одат на контото на семејството на Мила Царовска, за работа која ќе остане недовршена, односно на крајот од проектот Градот Скопје пак би немал извештај од што се болни и како да се третираат растенијата.

– Нешто како имплементацијата на проектот за кој што во моментов Драги Рашковски е во притвор, откупен а не е завршен и имплементиран до крај. Истото би се случило и со оваа јавна набавка во Градот Скопје. Еден милион денари во џебот на сопругот на Царовска за проект кој е класично лудило во време кога скопјани имаат еден милион нерешени проблеми заради неспособноста и мрзеливоста на Петре Шилегов и градската управа. Како и безброј други тендери и овој е сомнителен за испумпување на парите на граѓаните. Додека Мила Царовска го уништува образованието, нејзиниот сопруг со мрзеливиот Шилегов го уништуваат градот Скопје – рече Арсовски.

 

Поврзани содржини