Арсовски: Кои се луѓето за кои Заев лично ургирал да бидат пропуштени во време на полициски час и што превезувале во тие пет возила?
Кршењето на законите не е ништо ново ниту за Заев, ниту пак за власт, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
МВР цел ден молчи за петте патнички возила што поминале ноќеска на граничниот премин Деве Баир, во време на полициски час, кога преминот на граница е забранет за возила, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
– Според службената белешка што ја објавија медиумите јасно се гледа дека во еден часот по полноќ поминале пет патнички возила и тоа по насока лично на Зоран Заев. Тука има неколку дилеми и одговори кои треба да ги даде Зоран Заев и Владата. Со кое право и ингеренции Заев лично се јавува да се пропуштат патнички возила на граница во време на полициски час? Кај кого интервенирал Заев и кој е тој службеник што ги прескокнал работните протоколи и го послушал премиерот кој не смее да издава вакви наредба, како што и не смее вработениот на граница да прима вакви наредби од премиер. Што превезувале тие пет патнички возила и кои се луѓето за кои Зоран Заев лично ургирал да бидат пропуштени ноќеска? Дали ова е уште еден потенцијален шверц, кој се обидува да го одмолчи и сокрие МВР? – прашува Арсовски.
Тој додава дека заташкувањето на ваков случај е само потврда дека власта се обидува да сокрие нешто, а како што вели, лично за тоа е одговорен Зоран Заев.
– Кршењето на законите не е ништо ново ниту за Заев, ниту пак за власта – истакна Арсовски.