Арсовски: Кога планираат Русковска и Јовевски да го викнат Вице Заев на разговор?

Наместо да се бркаат професионалци кои си ја работеле работата во случајот, треба да се брка рекетарот кој има име и презиме во пријавата и кој се обидел да врши изнуда, тоа е брат му на Зоран Заев, Вице Заев, рече Арсовски.

784

Петти ден рекетарите се на слобода, фалсификаторите на слобода, Заев молчи како да не живее на овој свет и не слушнал дека брат му рекетирал, а потчинетите институции на власта тероризираат професионалци во МВР, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМР-ДПМНЕ денеска на прес конференција.

– Прашањата за кои јавноста чека одговори се следни: Кога планираат Вилма Русковска и Љубомир Јовевски да ги повикаат цела рекетарска и фалсификаторска багра за криминалот и обидите за изнуда? Зошто не им се вештачени телефоните на рекетарите уште кога стигнала во ЈО пријавата? Кој ги фалсификувал документите во МВР и во ЈО да се тргне името на Вице Заев од пријавата? Зошто на Вице Заев му требале 250.000 евра за референдумот и кого имал намера да поткупи со тие пари? Дали гласачите или пратениците во Собранието кои знаеме како гласаа? – праша Арсовски.






Тој нагласи дека треба да си недоветен да мислиш дека ако тргнеш некое име од пријава во ЈО, нема да одговараш.

– Наместо да бркаат и ловат во матно некакви си свиркачи и да ги бараат во редот на професионалците кои професионално си ја работат работата, нека ги остават на мира да си ја работат својата работа и нека ги бркаат криминалците. Наместо да се бркаат професионалци кои си ја работеле работата во случајот, треба да се брка рекетарот кој има име и презиме во пријавата и кој се обидел да врши изнуда, тоа е брат му на Зоран Заев, Вице Заев. Исто така, треба да се бркаат фалсификаторите коишто го ваделе неговото име да го покријат неговиот криминал од пријавата – рече Арсовски додавајќи дека станавме држава во која криминалците се на слобода, а се тероризираат професионалните кадри.

Поврзани содржини