Арсовски: Кирацовски призна на суд дека бил на состанок за Старечки дом со Силјан Мицевски, Боки 13 и Петровска ВИДЕО

537

 

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ денеска по рочиште за предмет во кој го тужи поранешниот пратеник и генерален секретар на СДСМ Александар Кирацовски за клевета поврзана со случајот „Рекет“, изјави дека тужителот признал дека бил на состанок за Старечки дом со бизнисменот Силјан Мицевски, Боки 13 и Наташа Петровска.






Во интерес на денешното рочиште кое што се одржа морам да истакнам неколку работи иако не присуствуваа медиумите. Господинот Кирацовски пред судот, пред нашите полномошни адвокати, пред мене лично одговори на неколку прашања на кои што умешно, вешто, свесно или несвесно, а тоа треба самиот да каже изминатата година и повеќе ги одбегнуваше да ги одговори на јавноста. Денеска тој јавно призна пред судот дека се познавал, лично со г. Силјан Мицевски, бизнисмен од неговиот град од каде е тој избран во тоа време за пратеник од редовите на СДСМ. Се познавал лично со градоначалничката на Општина Битола, г-ѓа. Наташа Петровска. Тој заедно со уште едно лице тоа е г. Бојан Јовановски познат во јавност како Боки 13 бил повикан од страна на овие луѓе вклучително и на бизнисменот Силјан Мицевски да присуствува на состанок поврзан за изградба на старечки дом во Општина Битола. Нормално инвеститор би бил г. Силјан Мицевски – рече Арсовски.

Ова, според Арсовски е една друга димензија на целиот случај вклучително и на случајот каде што тој е  клеветен.

– Ова се прашања, што беа јавно поставени претходно на наши јавни настапи, беа поставени од медиумите, беа поставувани од граѓаните кои што беа целите во прашалници, вклучително и на мојата прес конференција. Еве уште еднаш јавно го повикувам господинот Кирацовски во интерес на вистината да излезе уште еднаш да каже во кое својство бил на тие состаноци со овие луѓе кои што ги споменав, за кои што лично призна дека лично се познава и дека присуствувал на таков состанок, што всушност правел на тие состаноци, и како што имаше одговорено јавно на новинарско прашање, дека пратениците кои што доаѓаат од одредени места имаат право и интерес да лобираат за одредени работи. За што всушност тој имал интерес и лобирал во однос на овој предмет и овие луѓе еве јавно уште еднаш ги поставуваме овие прашања. Нејасно беше зошто не беа одговорени вака јавно и транспарентно овие прашања, како што денеска ги одговори во судот на денешното рочиште .Можеби сакал свесно да скрие од јавноста, но тоа е веќе неважно. Важно е дека денеска одговори дека лично се познава со овие луѓе, дека лично седел на состанок. Сега остана уште непознато, при што уште еднаш еве го повикувам да каже која било неговата улога на тие состаноци? Што всушност се зборувало и што всушност правел на тие состаноци во интерес на јавноста – рече Арсовски.

Тој истакна дека  ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и потпретседателот Александар Николоски, за истиот случај „Рекет“, е тужен од страна на премиерот Зоран Заев.

– Морам да потенцирам дека овие тужби кон нас, на кои беа поставени прашања кои всушност, еве веќе полека излегуваат на виделина, можеме да ги оцениме само како еден политички притисок, да јавноста биде доведена во заблуда по одредени прашања – рече Арсовски.

На прашање дали ги спомнал Кирацовски тие 700 илјади евра, кои што се земени од Силјан Мицевски, дали се зборувало за пари на тој состанок Арсовски одовори:

– Веќе ви одговорив на прашањево. Не се разговараше што било разговарано и што и дали било лобирано на тие состаноци, која бола неговата улога на тој состанок. Затоа, еве уште еднаш по четврт пат, јавно повикувам да каже за што се разговарало, да каже која била неговата улога таму. Конкретно да одговори на вашето прашање како медиум, доколку смета дека треба, а сметаме дека треба ние како јавност. И, конечно јавноста после повеќе од година дена да ја дознае вистината поврзана со тој случај, најголем во историјата за рекетирање .

Поврзани содржини