Избори во јуни не се можни, одговори Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на новинарско прашање дали за ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив датумот 5 јули што го предлага лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
– Она што можам да го потенцирам е дека избори во јуни не се можни. Тоа го докажува и актуелната ситуација со новозаразени кои што во моментов ги евидентираат здравствените установи. Од она што можам да кажам дека за датум за избори ќе мора да се разговара консензуално, односно во моментот кога ќе се оцени дека е можно да се одржат изборите, бидејќи најважно во моментов ни е здравјето на граѓаните, а не спас на нечија кариера на некој функционер од СДСМ – рече Арсовски.