Арсовски ги повика СДСМ јавно да кажат со кого „се ќердосаа“

1,420

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовки утрово ги повика СДСМ јавно да кажат со кого направиле парламентарно мнозинство, како што тврдат, со оглед на тоа што нема таква потврда од другите политички партии.

„Гледам СДСМ и Заев викаат дека имале мнозинство, а пак од друга страна тоа не го потврдуваат другите политички партии. Еве јавно нека објават СДСМ со кого „се ќердосаа” и имаат ли парламентарно мнозинство, кои се коалициските партнери на СДСМ и детали, бидејќи зборовите „имам мнозинство” не се доволни за влада. Во спротивно СДСМ во овој момент освен што дрско краде, дрско и лаже. Што сепак и не е нешто ново“ пишува Арсовски на Фејсбук.

Поврзани содржини