Арсовски: Фирмата „СВ ИНВЕСТ“ блиска до Вице Заев од државата добила тендери од околу 6 милиони евра
Арсовски нагласи дека и тој и претседателот Мицкоски уште во 2018 година говореле јавно за фирмата СВ ИНВЕСТ за која кажа дека истата е во сопственост на Столе Чифлигаровски, близок човек на братот на премиерот Вице Заев
Граѓаните знаат што се случува во РЕК Битола и знаат што се случува со рекетот кој што се обиделе да го направат блиски луѓе до Заеви, но и самиот брат на премиерот, Вице Заев, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.
Арсовски посочи дека јавноста имала можност да слушне за две кривични дела и тоа за сериозна изнуда за 250.000 евра, како и за фалсификување на пријавата од страна на оштетените кои пријавиле за целиот случај.
– Практично, јавноста имаше можност да слушне за две кривични дела. Едното кривично дело е што стоело во пријавата каде што оштетените од фирмата која што била на некој начин насилно избркана и претрпела сериозна штета, повеќе од половина милион евра. Биле избркани, им било одземена работата им биле барани пари, имало сериозен обид за изнуда за 250.000 евра да бидат изнесени во онаа фамозна Вила Парк во Струмица кај Вице Заев. И второ кривично дело е што некој се обидел да ја фалсификува пријавата од страна на оштетените кои што пријавила и која што била доставена и до Јавното обвинителство од страна на МВР, каде што некој се обидел да ја тргне цела онаа страница каде што се наведува името на братот на премиерот Вице, кој беше јасно посочен како човек кој што барал 250.000 евра од фирмата која што го добила тендерот во комбинатот – рече Арсовски.
Арсовски нагласи дека и тој и претседателот Мицкоски уште во 2018 година говореле јавно за фирмата СВ ИНВЕСТ за која кажа дека истата е во сопственост на Столе Чифлигаровски, близок човек на братот на премиерот Вице Заев, која пак како што рече тој истата добила државни тендери од околу 6 милиони евра.
– Ние за „СВ ИНВЕСТ“ имаме говорено уште во 2018 година заедно со претседателот Мицкоски. Тогаш најпрво фирмата Тотал Инжинеринг со камионите беше инволвирана во РЕК Битола кои што возеа под друга фирма итн, за подоцна СВ ИНВЕСТ фирма која што е на Столе Чифлигаровски, инаку близок човек до Вице Заев имаше и многу аудио снимки низ медиумите каде што тој директно кажуваше дека работи за Вице Заев и врбува луѓе да работат за него за изборите од Битола. Таа фирма имаше само еден вработен во тој период кога влезе во комбинатот РЕК Битола да работи и преку таа фирма беа заработени сериозни суми на пари – објасни Арсовски.
Фирмата СВ ИНВЕСТ има добиено тендери од државата околу 6 милиони евра, рече тој.