Арсовски до Антикорупциска: Истражете кога Ангеловска го пријави станот што го криеше и депозитот од 50.000 евра?

901

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук објави дополнителни информации во случајот со министерката Нина Ангеловска и нејзиното повлекување пари од банка во пропаѓање и ја повика Аникорупциската комисија да отвори предмет и да ги истражи наводите.

„Министерката за финансии Нина Ангеловска во својата изјава вели дека кога го купила станот за да си го реши станбеното прашање бил уредно пријавен во ДКСК. Мало потсетување: Според моите информации, Нина Ангеловска станот во ДКСК, заедно со последните 50.000€ депозит извадени од „Еуростандард банка” ги пријавува на 24  јуни 2020 година. (Јавно достапни информации според закон за достапност на информации од јавен карактер) ако не е точно дека на 24 јуни пријавува промена на анкетен лист, нека ме демантира.

Јас, документите за станот кој го поседува Ангеловска, а го криеше, ги објавив на 22 јуни. Дали Нина Ангеловска го пријавила станот и испразнетата сметка од „Еуростандард банка” два дена, откако ги објавив информациите? Дали ДКСК отвори случај за ова? -НЕ.

Дали Нина Ангеловска сноси одговорност за ова? -НЕ. Дали макар ја казнија и со прекршочна пријава за задоцнет анкетен лист после промена? -НЕ. Дали ќе сноси одговорност? – НОРМАЛНО ДЕКА НЕ.





Антикорупциска комисија ако не отвори случај сега и не го реши сето ова, тогаш се класични соучесници и помагатели на Нина Ангеловска“, пишува Арсовски кој го објави и анкетниот лист што го потпишала министерката Ангеловска.

Поврзани содржини