Вчера бевме сведоци на уште еден крајно сомнителен пожар кој што се случи во државниот Инспекторат за животна средина. Пожарот сосема случајно или крајно сомнително, го зафати токму делот каде што се складирани документи и архива од истата институција односно од државниот инспекторат за животна средина, рече на прес конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
– Јавно прашуваме, што содржеа тие документи кои што изгореа? Колкава е и каква е штетата на изгорените документи и изгорениот материјал во овој инспекторат? Каков тип на документи изгореа вчера во пожарот? Зошто се уште молчат и од институциите, и од владата, и од државниот инспекторат за животна средина за овој пожар кој што се случи вчера? Зошто се уште не е излезен официјален записник во медиумите со целокупната причинета штета, со целокупниот листинг на документи кои што се изгорени? Дали е точно дека изгорени се документи и извештаи кои укажувале на злоупотреба на пари од проекти од европските фондови кои што биле складирани токму тука во државниот инспекторат за животна средина, наменети за оваа институција? Со истите проекти дали располагале лица кои што се членови на СДСМ – праша Арсовски.