Арсовски: Чулев го реши случајот „Јавна соба“ за еден ден, а Спасовски со денови им се смее во лице на жртвите

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека со Министерство за внатрешни работи кое ги брка луѓето што се жалат, граѓаните не се базбедни ниту заштитени.

3,158

Повторното појавување на случајот „Јавна соба“ е само резултат на неспособноста на СДСМ и на Оливер Спасовски, тврди портапролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Тој додава дека лани исто така во јануари кога за прва пат се отвори случајот „Јавна соба“, беше решен за еден ден, а тоа се должи на работењето на тогашниот министер Наќе Чулев кој  целото министерство го стави во функција на заштита на жртвите и затварање на групата.






– Денес, кога одат граѓани да пријавуваат злоупотреби поврзани со истиов случај „Јавна соба“ кој што повторно се појави и веќе трае можеби недела дена и повеќе, администрацијата на Оливер Спасовски ги брка – рече Арсовски.

Според него, моментално Министерството за внатрешни работи со кое што управува Оливер Спасовски во жаргонски речник може да се нарече распашана банда ,а граѓаните не можат да сметаат дека се заштитени и безбедни.

– Впрочем ова го говорат граѓаните и секојдневно упатуваат поплаки, но за жал истите поплаки нема каде да стигнат и до кого да допрат.Последниот случај на неколку пријави од девојки кои биле жртви на „Јавна соба“ и кои јавно излегоа да говорат за тоа како биле избркани од МВР со образложение дека не можат да им помогнат, дека секое чудо траело за три дена, ќе ги заборавеле и дека немале надлежност, само говори за односот на Оливер Спасовски и СДСМ кон жртвите кои што не се само жртви на неколку илјади пазачи, туку се и жртви на неспособниот систем. Вистината е следна, а тоа е дека не им се работи, а можат случајот да го решат за само еден ден – рече Арсовски.

Арсовски информира дека ВМРО-ДПМНЕ  ги поддржува сите граѓани кои се жртви на овој систем на неспособност и ги убедува дека се додека е СДСМ на власт, ќе бидат само предмет на злоупотреба.

Поврзани содржини