АРСОВСКА ВОДИ ПРЕД ШИЛЕГОВ Предноста на Данела се искачи на 4000 гласа
До 11 часот обработени се 84 проценти од гласовите, а кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска води пред актуелниот градоначалник на Скопје и коалицијата предводена од СДСМ, Петре Шилегов. Арсовска на свое конто има 70.564(37,20%), додека Шилегов има 66.330(34,97). Речиси е сигурно дека во Скопје ќе се оди во втор круг.
Во Државната изборна комисија сè уште се пребројуват гласовите од одржаниот прв круг на локални избори. Досега обработени во целост се изборните материјали од Градско, Дојран, Лозово, Росоман, Центар Жупа, Богданци, Пласница и Чешиново-Облешево, Арачиново, Берово, Битола, додека во Скопје и скопските општини остануваат уште непреброени гласови.
До 11 часот обработени се 84 проценти од гласовите, а кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска води пред актуелниот градоначалник на Скопје и коалицијата предводена од СДСМ, Петре Шилегов. Арсовска на свое конто има 70.564(37,20%), додека Шилегов има 66.330(34,97). Речиси е сигурно дека во Скопје ќе се оди во втор круг.
Од ДПМНЕ објавија дека во првиот круг победиле во скопските општини Кисела Вода, Бутел и Гази Баби.
Според првичните податоци од ДИК, досега се избрани градоначалници во 29 општини: Киро Нацков од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Градско со освоени 55,66% од гласовите. Анго Ангов од СДСМ за градоначалник на Дојран со освоени 53,21% од гласовите. Аријан Ибраим од ДПТМ за градоначалник на Центар Жупа со освоени 71,16% од гласовите. Звонко Пекевски од СДСМ за Берово со 51,25% од гласовите. Блаже Шапов од СДСМ за Богданци со 50,70% од гласовите. Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ за Босилово со 58,33%, Перо Костадинов од СДСМ за Валандово со 57,73%. Марко Колев од ВМРО-ДПМНЕ за Велес со 51,63%, Миле Петков од ВМРО-ДПМНЕ за Виница со 54,74% и Горан Трајковски од СДСМ за Делчево со 51,14% од гласовите. Борчо Коцев од ВМРО-ДПМНЕ за Зрновци со 54,54% од гласовите. Александр Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ за Илинден со 53,40% од гласовите. Димитар Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ за Јегуновце со 50,40% од гласовите.
Митко Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци со 72,35 од гласовите. Виктор Паунов од ВМРО-ДПМНЕ за Карбинци со 59,40% од гласовите. Сашко Митовски од СДСМ за Крива Паланка со 54,75% од гласовите. Николче Мискоски од СДСМ за Кривогаштани со 50,83%. Томе Христоски од СДСМ за Крушево со 52,70%, Еркан Арифи од ДУИ за Липково со 72,59%, Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ за Могила со 57,28%, Горан Стојанов од ВМРО-ДПМНЕ од Неготино со 51,94%, Стевче Стевановски од ВМРО-ДПМНЕ за Новаци со 51,29%, Борче Митевски од ВМРО-ДПМНЕ за Петровец со 63,84%, Алија Јаоски од ДУИ за Пласница со 76,65%, Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп со 54,56%, Стефче Трпковски од ВМРО-ДПМНЕ за Сопиште со 65,03%, Дејан Владев од ВМРО-ДПМНЕ за Свети Николе со 51,97%, Костадин Костадинов од СДСМ за Струмица со 53,71% и Блерим Беџети од ДУИ за Сарај со 65,97% од гласовите.