Арсовска: Во октомври следува нов бран отпуштања ако владата не им помогне на компаниите

894

Во октомври ќе следува нов бран на отпуштања, ако владата не им помогне на компаниите сега и веднаш, оцени претседателката на Сојузот на Стопански комори, Даниела Арсовска во гостување во „Топ Тема“.

Стопанските комори бараат од владата да биде продолжена помошта од 14.500 денари за фирмите, кои според нив треба да добијат и грантови. Истовремено, неопходно е и да бидат подготвени и протоколи за работа во сите сектори, бидејќи во моментов дел од превозниците и угостителите немаат протокол за работа.






Стопанственикот Горан Рафајловски оцени дека за стопанството треба да се дадат сериозна количина на пари, а не да се оди со популистички мерки како платежните картички за граѓаните кои ги оценува како мерки со краткотрајни ефекти.  Фокусот на владината помош, според него, треба да биде на помошта за 80.000 мали и средни претпријатија.

Поврзани содржини