„АРСОВСКА СО ЌОСЕТО ГИ ВРАЌА СПОМЕНИЦИТЕ НА ГРУЕВСКИ“ Советниците од СДСМ ќе се спротистават на иницијативата на Данела
СДСМ преку својата советничка група на СДСМ ќе се спротивстави на предлогот за враќање на споменикот на Андон Јанев – Ќосето.
„Споменикот на Андон Јанев беше бесправно поставен од страна на режимот и затоа беше отстранет. Неговата локација пред зградата на судот беше сфатено како порака за партиска послушност на судиите на тогашната власт.
Најавата за повторно поставување на споменикот на Ќосето е продолжување на матрицата на Никола Груевски и режимската антиевропска ДПМНЕ и ништо друго. Тој не треба да биде никогаш повеќе поставен каде било, неговото место е во негативните поглавја од македонската историја“, се наведува во реакцијата на СДСМ.
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска достави иницијатива до Советот на Град Скопје за повторно поставување на спомен обележјето на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето, соопшти денеска Одделението за односи со јавност на Град Скопје.
Спомен обележјето ќе добие нова локација која ќе се наоѓа на крстосницата помеѓу булеварите Александар Македонски и Беласица, североисточно од кружниот тек.
„Наместо да понуди решенија, антиевропската партија ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски на скопјани им нуди споменици од режимот, како оној на Андон Јанев – Ќосето, историска контроверзна личност – еден од најголемите крвници на македонскиот народ“, се додава во реакцијата од СДСМ.
ДАНЕЛА АРСОВСКА ЌЕ ГО ВРАЌА СПОМЕНИКОТ НА ЌОСЕТО? Градоначалничката предлага нова локација