АРСОВСКА СЕ ИЗВИНИ ШТО 7 МЕСЕЦИ НЕ ЗБОРУВАШЕ СО НОВИНАРИТЕ Вети дека во иднина ќе биде транспарентна и отворена

Арсовска зборуваше за предизвиците со кои се соочил нејзиниот тим, а рече дека нејзината заложба ќе биде во иднина да биде отворена за новинарите. Таа најави ека во наредните три месеци ќе се работи на изградба, реконструкција и асфалтирање на улици и булевари, фекална и атмосферска канализација и подигање нови зелени површини.

463

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска се извини што во последните седум месеци не комуницираше со медиумите и не држеше прес-конфренции. Главната причина за тоа според неа се големиот број затекнати проблеми и затекнати долгови од претходната гарнитура која не оставилa ниту еден проект. Арсовска вети дека во иднина ќе биде отворена за целокупната јавност.

– Иако во изминатите неколку месеци посветено работевме на решавање на постојните и затекнати проблеми, како и на новонастанатите проблеми од енергетската и економската криза, во јавноста се создаде впечаток дека комуникацијата со медиумите не е на потребното ниво. Затоа, би сакала денеска да ја искористам оваа прилика и да се извинам за вака создадената слика во јавноста. Мојата заложба секогаш била да има транспарентен и ефикасен систем и доследно спроведување на проектите во соработка со вас, јавноста и новинарите. Морам да искажам дека сум отворена и дека имаме отворена покана за целокупната јавноста и медиумите, во интерес на граѓаните, да ги проследат сите проекти кои ќе следат – рече Арсовска и додаде:






– Во изминатиот период силно се посветивме на потребните анализи, реорганизација во администрацијата и мобилизација на квалитетен кадар кој достојно ќе се носи со предизвиците, односно кој ќе се посвети на реализација на проектите од програмата за модерно Скопје. Затоа, денеска со задоволство можам да констатирам дека сме консолидирани и почнуваме со исполнувањето на проектите од мојата програма за модерно Скопје – рече Арсовска.

Таа најави дека во наредните три месеци ќе се работи на изградба, реконструкција и асфалтирање на улици и булевари, фекална и атмосферска канализација и подигање нови зелени површини. Во првата фаза до 30 јуни ќе се реновираат 20 улици во Општина Ѓорче Петров, ќе почне реконструкција на булеварот Теодосиј Гологанов кај Клуб на пратеници и ќе се заврши улицата Есенинова, за која кажа дека досега не била пуштена оти била наследена со бројни проблеми.

Летово ќе се заврши и улицата Васко Карангелески во Аеродром, каде рече дека нема да се сече дрворедот како што било планирано од минатата власт.

Предвидено е да реконструираат и улиците Бутелска, Перо Наков, Рузвелтова, Димо Хаџи Димов, Скоевска и Славка Динкова, како и продолжување на градежните активности на Универзална сала.

Поврзани содржини