АРСОВСКА САМО ПРАВИ ШТЕТА НА ГРАДОТ Божиновска обвини дека градоначалничката нема реализирано ниту еден проект

Божиновска вели дека спротивно на тоа во овие два и пол месеци Данела Арсовска има 109 вработувања на партиски кадри, има партизација на јавните претпријатиа и установи под Град Скопје, има прекинати проекти и огласи важни а развојот на градот.

861

Изминуваат првите 82 дена од мандатот на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, период во кој таа ветуваше дека ќе реализира 15 важни проекти. Денес, скопјани може да видат дека сето тоа било само предизборна лага на Арсовска. Денес, во Скопје нема беплатен јавен превоз, нема 10 километри изградени улици, нема нови автобуси, нема едношалтерски систем за јавни услуги, градот не е почист а сообраќајниот хаос е уште повеќе изразен, вели Лилјана Божиновска, советничка во Советот на Град Скопје од СДСМ.

Таа додава дека спротивно на тоа во овие два и пол месеци Данела Арсовска има 109 вработувања на партиски кадри, има партизација на јавните претпријатиа и установи под Град Скопје, има прекинати проекти и огласи важни а развојот на градот.






– Се што Арсовска стори во овој период е дејствување на штета на граѓаните и Градот и бегање од одговорност. За само два и пол месеци, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ го уназадија градот и работат спротивно на интересите на скопјани. Тоа е нечесен, неодговорен и несериозен однос на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ – изјави Божиновска.

Поврзани содржини