АРСОВСКА „РАСПАЛИ“ ПО ВЛАДИНИТЕ ОДЛУКИ Со кое право ќе се легитимираат гостите?

Претседателката на ССК ја отфрла можноста лица што немаат овластување да можат да легитимираат граѓани, мерка што пропадна со ланските мерки на владата кога келнери и угостители требаше да бараат лични карти од гостите.

8,233

Претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска ги открива дел од маните на решенијата на министерот за здравство Венко Филппче и целата влада со кои ќе се проверува дали граѓаните се вакцинирани.

Арсовска како прв човек на асоцијацијата на стотици компании во Македонија наведува законски и уставни пречки за спроведување на одлуката на владата за проверка на граѓаните и нивна дискриминација врз основа на примена вакцина.






Таа ја отфрла можноста лица што немаат овластување да можат да легитимираат граѓани, мерка што пропадна со ланските мерки на владата кога келнери и угостители требаше да бараат лични карти од гостите.

– Во држава во која нема функционален здравствен систем, во која луѓето се вакцинираат од донации и за третирање болести се собираат донации за лекување преку смс пораки, министерот за здравство ќе воведува редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект – вели претседателката на ССК.

Арсовска додава дека не е изводливо да се воспостави редарска служба во правни лица кои ја немаат според систематизација и според кое ОВЛАСТУВАЊЕ било кој што не е службено лице ќе легитимира за да утврди дали доказот за вакцинација кореспондира со лицето кое го приложува?

– Ова ја надмина по иновативност мерката да ве идентификуваат угостителите дали вие и лицата со кои седите на иста маса сте од исто семејство, која не можеше да се спроведе”, пишува Арсовска која иако не го споменува тоа експлицитно индиректно навестува дека голем дел од сите правни субјекти и граѓани кои ќе бидат погодени со мерките ќе можат своите права да ги бранат пред суд и државата и истите да ги добијат процесите согласно законите, пред се законот за трговски друштва и уставот – вели Арсовска.

Поврзани содржини