АРСОВСКА НЕ Е НАДЛЕЖНА ЗА ЗМИИТЕ И ГЛУВЦИТЕ, САМО ЗА КОМАРЦИТЕ Град Скопје се огради, скопјани да се обратат во општините
За појаснување со член 10 став 1 точка 4 од Законот за Град Скопје, утврдена е единствено надлежноста на градот за дезинсекција, како збир од процеси кои се преземаат за сузбивање на инсектите“, велат од Град Скопје.
Град Скопје се прогласи за ненадлежен за дератизација на змии. Оттаму велат дека со Законот за Град Скопје е прецизно утврдено чии се надлежностите за дезинсекција, дезинфекција и дератизација, односно Град Скопје нема надлежност за дератизација или постапување во случаи со змии или други влекачи или глодари.
„Во член 15 став 1 точка 4 од Законот за Град Скопје јасно е утврдена обврската на општините во градот за дератизација и дезинфекција, односно десетте општини се надлежни за дератизација и дезинфекција на населените места на својата територија. Дератизација е збир на процедури кои се спроведуваат со цел да се уништат опасни штетници и можни носители на одредени заразни болести. Дезинфекцијата е постапка насочена кон уништување на најголемиот број на несакани микроорганизми со различни физичко-хемиски средства. За појаснување со член 10 став 1 точка 4 од Законот за Град Скопје, утврдена е единствено надлежноста на градот за дезинсекција, како збир од процеси кои се преземаат за сузбивање на инсектите“, велат од Град Скопје.