АРСОВСКА ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗЕЛС Прво ќе побара владата да го помогне плаќањето на сметките за струја на општините

Новата претседателка на ЗЕЛС информира дека 'e се алага за интензивирање на финасиската децентрализација.

368

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска е нов претседател на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). За потпретседатели се избрани градоначалниците на Чаир и на Валандово, Висар Ганиу и Перо Костадинов.  

– Продолжување и поинтензивно посветување на процесот на децентрализација кој се одвива повеќе години наназад и кој во следниот четиригодишен период би требало да обезбеди поголема финансиска стабилност на локалната власт и преземање нови и поголеми надлежности на единиците на локалната самоуправа –  соопшти Арсовска.






Арсовска изрази надеж дека ќе има процес на децентрализација, кој, како што рече, ќе биде поинтензивен во следниот период.

– Верувам дека во тој процес на децентрализација ќе успееме да постигнеме и поскоро пренесување на зголемен број надлежности од централната на локалната власт, поголема фискална независност на самите општини, како тие би можеле да располагаат со средствата за да можат да ги реализираат проектите што ги имаат ветено пред граѓаните – изјави Арсовска.

Информира дека едно од барањата ќе биде за општините од страна на Владата да им се обезбеди дополнителна финансиска помош во делот на сметките за струја, нешто кое, како што рече, претставува навистина големо оптоварување.

Арсовска изрази надеж дека со извршната директорка на ЗЕЛС Душица Перишиќ и со целиот тим на ЗЕЛС  квалитетно ќе соработуваат и ќе ги утврдат состојбите.

Таа нагласи дека во фокусот на сите градоначалници е децентрализацијата, дека процесот треба да продолжи и да имаат фискална независност.

Генералното собрание на ЗЕЛС денеска ја одржа конститутивната седница, на која беа избрани членови на сите органи и тела, меѓу кои и членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС. 

Поврзани содржини