АРСОВСКА ИТНО ДА НАЗНАЧИ НОВ ДИРЕКТОР НА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“! Управниот одбор ја потсети дека само таа има такви ингеренции

Управниот одбор ја информира Арсовска дека при крај се резервите за нафта за возилата на Комунална хигиена кои го собираат отпадот и дека нафтата не може да се набави без потпис од в.д. директор.

900

Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“ ја повика градоначалничката Данела Арсовска итно да назначи нов в.д. директор на претпријатието и дека ако не го стори тоа во најкус можен рок одговорноста за алармантната состојба со одржувањето на хигиената во Скопје ќе биде исклучиво нејзина.

Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“ ѝ пиша итна ургенција на Арсовска во која наведува дека само таа има ингеренции и надлежности да назначи нов директор на претпријатието.






Оттаму ја потсетуваат Арсовска дека во изминатите 4 години назначила 5 и разрешила 4 директори.

Управниот одбор ја информира Арсовска дека при крај се резервите за нафта за возилата на Комунална хигиена кои го собираат отпадот и дека нафтата не може да се набави без потпис од в.д. директор.

Поврзани содржини