АРСОВСКА ИСПОЛНИ ВЕТУВАЊЕ Поставени се бројчаници на семафори и вратен е зелениот бран

Покрај поставувањето на бројчаниците, реализирано е и ветувањето за враќањето на зелениот бран на делниците во надлежност на Град Скопје.

1,055

Поставени се бројчаници на булеварот Христијан Тодоровски Карпош на семафорот на крстосницата со Натанаил Кучевишки, на крстосницата со Боца Иванова и на крстосницата со булеварот Босна Херцеговина, соопшти денеска Град Скопје.

Оттаму најавуваат дека бројчаниците ќе бидат поставени и на уште неколку семафори за кои е детектирано дека се од важност за регулирање на сообраќајот.






Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска вети дека во првите 82 дена од нејзиниот мандат ќе постави бројчаници на семафорите на крстосници во Скопје на кои ЦУКС не следи движење.

Покрај поставувањето на бројчаниците, реализирано е и ветувањето за враќањето на зелениот бран на делниците во надлежност на Град Скопје.

Поврзани содржини