АРСОВСКА ИМА ОПАСНИ НАМЕРИ Градоначалничката се откажа од мостовите на АСНОМ и Љубљанска
Социјалдемократите ја обвинуваат градоначалничката дека во првите два месеци од мандатот ништо не работела, а единствено нешто што го правела било поништување и прекинување на проекти.
СДСМ денеска уште еднаш ја прозва градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за поништувањето на проектот за „Бас рапид транзит“ (БРТ) системот нарекувајќи го овој потег скандалозен, но уште поскандалозна од партијата ја нарекоа најавата за прекинување на изградбата на двата моста на булеварот АСНОМ во Аеродром кон Гази Баба и на тој на улицата Љубљанска во Карпош.
– Мостот на АСНОМ веќе е во поодмината фаза и сè што требаше е Арсовска да ја продолжи неговата изградба. Мостот го олеснува и го намалува сообраќајот за цел Аеродром но и за Гази Баба. Мостот на ’Љубљанска‘ има целосен проект и средства обезбедени од Владата преку ТАВ програмата. Важен за граѓаните на Карпош, но и за Центар. Ова е несериозно, политикантско однесување на Арсовска која прекинува три капитални проекти единствено заради лични каприци. Градоначалничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска, покажува неспособност на штета на интересите на граѓаните, на штета на идниот развој на Град Скопје – изјави Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ.
Социјалдемократите ја обвинуваат градоначалничката дека во првите два месеци од мандатот ништо не работела, а единствено нешто што го правела било поништување и прекинување на проекти.