АРСОВСКА ГО ПОТПИША ДОГОВОРОТ ЗА КОЈ СЕ „СПУКА“ СО ВМРО-ДПМНЕ Стоилковски вели дека лагите излегле на виделина

Сега и Арсовска го потпишува истиот договор со што признава дека, едноставно, лажно го обвини дека влијаел врз тендерската документација и на сила го смени Златко Перински од директорското место во Водовод и Канализација - рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

441

Скопската градоначалничка Данела Арсовска вчера го потпиша договорот за изградба на скопската пречистителна станица, истиот договор поради кој претходно го разреши поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински и со тоа нејзините лаги ислегоа на виделина – обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Со ставањето на потпис на договорот за пречистителна станица Данела Арсовска стави потпис на признанието дека лажела, манипулирала, лажно обвинувала и дека со лаги се обиде да изманипулира процес за најголемиот и најскап проект за Скопје – изјави портпаролот Стоилковски.






Тој додаде дека се работи за истиот договор со Европската инвестициска банка (ЕИБ) за проект во којшто потпретседателката на ЕИБ ја демантираше Арсовска.

– Сега и Арсовска го потпишува истиот договор со што признава дека, едноставно, лажно го обвини дека влијаел врз тендерската документација и на сила го смени Златко Перински од директорското место во Водовод и Канализација – додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ја праша скопската градоначалничка дали ќе се извини за клеветите што ги изнела врз Златко Перински, Христијан Мицкоски и врз ВМРО-ДПМНЕ.

Скопската градоначалничка Арсовска почнаа расправија со ВМРО-ДПМНЕ во септември 2022 година токму за тендерот поврзан со пречистителната станица за отпадни води, што треба да се гради во скопското село Трубарево. Тогаш Перински беше разречен од директорската функција, при што ја обвини Арсовска дека барала од него промена на членовите на евалуационата комисија за изградба на пречистителната станица.

Пред околу три недели, земјава доби неповратни средства во висина од 70 милиони евра од ЕУ за изградба на пречистителната станица за отпадни води, а целиот капитален проект е вреден 200 милиони евра. Скопската градоначалничка Арсовска беше на потпишувањето на договорот за доделување грант. Министерката Каја Шукова тогаш изјави дека работат на надминување на предизвиците со Градот Скопје и дека разговарале со градоначалничката Данела Арсовска за договорите наскоро да бидат потпишани.

Поврзани содржини