АРСОВСКА ГО ОБВИНУВА И ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО „Ганиу уништува докази, а ЈО ќе рече не нашле ништо“

Откако Јавното обвинителство ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска да достави докази за извршено кривично дело, бидејќи тоа ѝ е должност како на службено лице, таа денеска однесе документи во Обвинителството, за, како што рече, незаконска легализација на дивоградби во Општина Чаир.

2,781

Откако Јавното обвинителство ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска да достави докази за извршено кривично дело, бидејќи тоа ѝ е должност како на службено лице, таа денеска однесе документи во Обвинителството, за, како што рече, незаконска легализација на дивоградби во Општина Чаир.

Обвинителството ја повика да достави докази на кои  конкретно парцели се изградени дивоградби, за да може да постапува.






– Не очекувам Обвинителството да влезе во Општина Чаир. И да влезат, ќе речат не нашле ништо, бидејќи сè е избришано. Но, во понеделник ќе дојдеме со 150 документи, бидејќи до понеделник не можат толку да избришат. Тука ги чекавме – рече Арсовска пред Обвинителството.

Во врска со повикот на Обвинителството, Арсовска изјави дека доказите ЈО требало да ги добави по службена должност, а Град Скопје, рече, досега има пуштено повеќе од 15 соопштенија за јавноста и сите наводи биле јавно објавени.

Градоначалничката рече дека според документацијата на Град Скопје од Катастарот, може да се увиди дека имотни листови биле впишани спротивно на закон, без знаење и без согласност на градската власт.

Таа неколку денови наназад го обвинува градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, дека незаконски легализирал стотина дивоградби во општината.

– Откако видовме дека е извршен овој упис спротивно на законот и без знаење и согласност од Град Скопје, веднаш постапивме и ја известивме целокупната јавност. За истово ова трета година по ред известуваме, имаме информации пишани кои што ги доставуваме до Општина Чаир, која што би требало по пристигање на нашата реакција, со тоа што ја враќаме целата документација, да пристапи со рушење на дивоградбите, кои што се обидел претходно да ги легализира – рече таа.

Градоначалничката обвини дека откако на 27 мај алармирала на терен за дивоградбата којашто Ганиу ја впишал врз база на фалсификат, еден час подоцна тој изготвил решение за поништување на сопственото решение и го поднесол до Катастарот за недвижнини, за да го избрише случајот и да може да ја уништи целата документација.

 

Поврзани содржини