АРСОВСКА ГИ ПРЕСПА ГОДИНИТЕ, А СЕГА ПРАВИ ШОУ ЗА СДСМ И ЗА ДУИ Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека градоначалничката драматизира

Тоа што таа (Данела Арсовска) му дала на синот на Блерим Беџети 12.000 евра за интелектуални услуги, не го исчисти Скопје од ѓубрето во кое се давиме секојдневно, посочуваат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

421

„Арсовска продолжува да тоне во безидејност бидејќи не се покажа на функцијата која што ја доби од граѓаните, па почна да прави театар низ главниот град.

Театарот на Арсовска е по насока на нејзините коалициони партнери СДСМ и ДУИ, кои сѐ уште не можат да се помират дека се во опозиција и се обидуваат да добијат што е можно поголема медиумска видливост, па се обидуваат на секој можен начин да го искористат тоа“.






Ова се наведува во соопштението на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Арсовска е активирана од СДСМ и од ДУИ во предизборието, откако минатите години ги преспа и не направи ниеден проект за граѓаните, ама направи за лица блиски до ДУИ и СДСМ.

Тоа што таа му дала на синот на Блерим Беџети 12.000 евра за интелектуални услуги, не го исчисти Скопје од ѓубрето во кое се давиме секојдневно.

Циркузот на Арсовска е само од интерес на СДСМ и на ДУИ. Скопјани го препознаваат тоа и затоа тие се во паника!“, се додава во соопштението.

Поврзани содржини