АРСОВСКА ГИ БЛОКИРАЛА ТЕЛЕФОНИТЕ НА ДРУГИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ Им забранувала на работници да работат во Чаир, се жали Ганиу
Некој ќе мора да сноси одговорност за ова што го прави, бидејќи тоа се граѓански пари и за инает да се остави нешто да пропадне тоа не е вред – истакна Ганиу.
Повеќе од 2 години немаме координација со Град Скопје. Со сите поранешни градоначалници имавме средби 2 пати месечно, а тоа беше задолжително. Немаме комуникација ниту со Арсовска, блокирани сме на телефоните, а не контактираме ниту преку службена должност, се пожали чаирскиот градоначалник Висар Ганиу.
Тој пред новинарите откри дека вработените во „Паркови и зеленило“ и „Водовод“ добивале закани од Данела Арсовска дека ќе останат без работа, доколку нешто работат на територијата на Чаир.
– Се инвестираше во Мега парк, проект на Арсовска од нејзината програма и одеднаш беше оставен така 4-5 месеци. Ниту еден вработен не се појавуваше во паркот. Кога ги прашував работниците, бидејќи се од Чаир, тие ми кажаа дека имаат добиено наредба „доколку работат нешто во Чаир ќе останат без работа“. Некој ќе мора да сноси одговорност за ова што го прави, бидејќи тоа се граѓански пари и за инает да се остави нешто да пропадне тоа не е во ред – истакна Ганиу.
Градоначалникот на Чаир рече дека имаат забелешки и за неодговорното работење на јавните претпријатија во Старата скопска чаршија.
– Во Старата скопска чаршија, каде што доаѓаат туристи, каде што има инвестирано европски пари. Кога има дефект, има техника како се вадат тие камења, Европска унија инвестираше, јас стојам како гаранција за тоа. Тие доаѓаат со багер, копаат, го санираат дефектот и сѐ оставаат така. Имаме документирано сѐ, испраќаме дописи да се врати во првобитната сосојба, немаме никаков одговор – рече Ганиу.