АРСОВСКА ФОРМИРА НОВА ПАРТИЈА Градоначалничката на Скопје сака да покаже дека може повеќе

Арсовска не одговори конкретно на прашањето дали таа би била лидер на партијата, но истакна дека сака на граѓаните да им покаже дека може и подобро и дека има голем број на граѓани што ја поддржуваат.

911

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 откри дека е во процес на формирање партијата. Арсовска не одговори конкретно на прашањето дали таа би била лидер на партијата, но истакна дека сака на граѓаните да им покаже дека може и подобро и дека има голем број на граѓани што ја поддржуваат.

– Се додека се прават работи за задоволување на индивидуалните потреби на некои од политичарите, на некои од оваа корумпирана политичка елита, кај нас напредок нема да има. И ако можам јас сама, како индивидуалец, да покажам дека може поинаку, верувам дека со сите луѓе што ме поддржуваат, а голема е бројката на тие граѓаните, дека ќе може да покажам повеќе – рече Арсовска.

Поврзани содржини