АРСОВСКА ДОБИ 7.805 ГЛАСА ПОВЕЌЕ ОД ШИЛЕГОВ Скопјани ќе изберат на 31 октомври

За градоначалник на град Скопје, под број 12 коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, предводена од СДСМ, има 77.852 гласа и оди во втор круг со Петре Шилегов. Данела Арсовска во вториот круг оди со 85.657 гласа, рече Даштевски.

1,140

Според податоците што вечерва ги соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, скопјани во вториот круг ќе избираат меѓу независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, и кандидатот на СДСМ и досегашен градоначалник, Петре Шилегов.

„За градоначалник на град Скопје, под број 12 коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, предводена од СДСМ, има 77.852 гласа и оди во втор круг со Петре Шилегов. Данела Арсовска во вториот круг оди со 85.657 гласа“, соопшти Даштевски.






Врз основа на бројките што ги изнесе претседателот на ДИК, разликата меѓу двата кандидата по првиот круг е 7.805 гласа.

Во Советот на Град Скопје, како што објави претседателот на ДИК Александар Даштевски, ќе има 17 советници од ВМРО-ДПМНЕ, 12 од СДСМ, шест од ДУИ, четири од Левица, по два советника ќе имаат колаицијата на ЛДП и ДОМ и на Алијанса за Албанците/Алтернатива, како и „Зелен хуман град”.

Советничката листа на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје има 78.538 гласови, коалицијата на СДСМ 52.431 гласови, за листата на ДУИ гласале 26.338 избирачи, Левица освои 20.070 гласови, за коалицијата ЛДП-ДОМ гласале 9.152 избирачи, за коалицијата Алијанса за Албанците гласале 11.447 граѓани. За независната листа на група избирачи предводена од Драгана Велковска (Зелен хуман град) гласале 9.062  избирачи.

Поврзани содржини