АРСОВСКА ДА КАЖЕ НА КОИ КОНКРЕТНИ ПАРЦЕЛИ ВО ЧАИР ИМА ДИВОГРАДБИ Обвинителството ја потсетува скопската градоначалничка дека е должна да пријави кривично дело

Во врска со заканите по нејзиниот живот, за кои Арсовска тврди дека ги добива веќе 3 години, од Обвинителството посочуваат дека дежурен јавен обвинител, доколку сака градоначалничката е на располагање без одлагање да ја сослуша за сите сомненија, сознанија и закани и да ги провери сите околности.

577

Основното јавно обвинителство Скопје постапува по доставено известување од СВР Скопје и издаде повеќе наредби по кои веќе се преземаат дејствија, информираат од Обвинителството во врска со тоа дали досега јавен обвинител обезбедил докази од Oпштина Чаир поврзани со наводите на скопската градоначалничка Данела Арсовска за дивоградби во оваа општина.

„Доколку градоначалничката како службено лице има сознанија за кривично дело, таа има обврска тоа да го пријави, да соработува со Јавното обвинителство и да посочи кај кои конкретни парцели или згради се откриени сомненија за незаконитости. Тоа е неопходно за да може да постапува обвинителството и да спречи евентуално компромитирање на доказниот материјал“, соопштија од Обвинителството.






Во врска со заканите по нејзиниот живот, за кои Арсовска тврди дека ги добива веќе 3 години, од Обвинителството посочуваат дека Министерството за внатрешни работи е орган директно надлежен за заштита на животот на граѓаните, како и за откривање и спречување на тие што го загрозуваат.

„ОЈО Скопје е на располагање преку дежурен јавен обвинител, веднаш без одлагање, доколку сака градоначалничката Арсовска, да ја сослуша за сите сомненија, сознанија и закани и да ги провери сите околности“, наведуваат од Обвинителството.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го обвинува градоначалникот на Чаир Висар Ганиу за криминал и за легализација на дивоградби, а деновиве во телевизиско интервју рече дека добива закани по живот.

Поврзани содржини