АРСОВСКА БЕГА ОД МЕДИУМИТЕ Градоначалничката не ги покани новинарите на Денот на пожарникарите

Инаку во базата на Противпожарната бригада на Град Скопје се одржа свеченост на кој командирот Звонко Томевски, поднесе рапорт на градоначалничката Данела Арсовска.

604

Град Скопје за првпат го одбележа Денот на пожарникарите без присуство на медиумите и затворен за јавност, информира Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје.

Според неа, очигледно дека градоначалничката Данела Арсовска не сака да се соочи со новинарите, па освен што не доаѓа на седници на Совет, освен што не одговора на прашања, сега почна да одржува и настани без да ги покани медиумите.






– Дали овој потег на Арсовска се должи на нејзиниот страв новинарите да не постават прашање зошто шест месеци бригадата за противпожарна заштита е оставена без договор за сервисирање на противпожарните возила? Дали тие возила ќе бидат функционални и безбедни во пресрет на сезоната на пожари? Дали Арсовска се плаши од прашањето зошто два дена 100.000 граѓани од Драчево и околните места се без вода за пиење? Освен што ништо не работи, Арсовска се крие и бега од новинарите и јавноста, тоа е недозволиво за еден градоначалник на главниот град на државата. Шест месеци беа доволни да се докаже дека Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје – прашува Јанчева.

Инаку во базата на Противпожарната бригада на Град Скопје се одржа свеченост на кој командирот Звонко Томевски, поднесе рапорт на градоначалничката Данела Арсовска.

Градоначалничката Арсовска им се заблагодари на скопските пожарникари за посветеноста и пожртвуваноста што ја покажуваат вршејќи ја оваа благородна професија.

На одбележувањето присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, градоначалници, советници, претставници на државните институции и голем број гости, но не и претставниците на медиумите.

Поврзани содржини