📷 АРОГАНТНО ПАРКИРАЊЕ НА ПОЗНАТИОТ ПЕЈАЧ ВО ЦЕНТАРОТ НА ЗАГРЕБ Тони Цетински застанал на пешачка зона со „бесен“ автомобил и гледал во мобилниот

Цетински го паркирал своето вредно БМВ на Илица и гледал во мобилниот...

774

Хрватскиот музичар Тони Цетински (55) е виден во четвртокот во строгиот центар на Загреб додека седел во своето скапо БМВ. Паркирал во пешачката зона на Илица и гледал во мобилниот телефон, пишува „24сата.хр“.

Сјајниот црн автомобил го украл вниманието на минувачите, а некои забележале дека го вози хрватскиот музичар.






Откако стапиле во контакт со пејачот, тој рекол дека накратко се паркирал со автомобилот, бидејќи морал да го користи мобилниот, додава „24сата.хр“.

Цетински в сабота ќе одржи голем концерт во Шибеник. На стадионот Шубиќевац ќе пее со колешката Нина Бадриќ.

– Годинава славам 35 години од мојата професија, така што концертот ќе биде замислен како пресек на сите тие песни по фази, но пред сè, сакаме да направиме добра забава и да постигнеме луѓето повторно да си одат дома засипнати со воспаление во мускулите ден по концертот – изјави Тони.

Фотографиите од Тони Цетински во неговото БМВ можете да ги погледнете ТУКА.

 

Поврзани содржини