📸 АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР ИМАЛ ОПЕРАЦИЈА НА СРЦЕТО Лекарите му вградиле пејсмејкер

Австриско-американскиот актер Арнолд Шварценегер (76) откри дека неодамна му бил вграден пејсмејкер по три претходни операции на отворено срце.

484

Австриско-американскиот актер Арнолд Шварценегер (76) откри дека неодамна му бил вграден пејсмејкер по три претходни операции на отворено срце.

„Сега имам дел од машината во себе, повеќе личам на мојот лик Терминатор – се пошегуваl актерот. Сето ова го раскажал во епизодата од неговиот поткаст „Arnold’s Pump Club“.






– Бев операција, добив пејсмејкер. Ова што сега ви го кажувам е спротивно на голем дел од моето воспитување во Австрија, каде што никој никогаш не зборува за здравствени проблеми. Сè што е поврзано со здравјето го задржуваат за себе. Но, добив толку многу пораки од луѓе кои се родени со бикуспидален аортен залисток, како мене. Ми рекоа дека мојата приказна им дала храброст и надеж да се соочат со своите здравствени проблеми – рекол актерот и нагласил дека во моментов се чувствува одлично.

– Најпрво сакам да знаете дека сум одлично. Ме оперираа во понеделникот, а во петокот веќе бев на еколошки настан со мојата пријателка Џејн Фонда. Никој не би помислил дека неделата ја започнав со операција – изјавил тој.

Тој објаснил дека лекарите го советувале да оди на операција бидејќи срцето му чукало неправилно поради лузна од претходната операција. Актерот првпат имал операција за замена на залистокот во 1997 година, за која била потребна операција на отворено срце. Тој отишол на втора замена на залистокот во 2018 година, а исто така имал и операција на отворено срце. Третата операција ја имал во 2020 година.

На крајот од епизодата на поткастот, тој ги охрабрил своите фанови да се грижат за своето здравје.

– Сакам да знаете дека не сте сами. Ако одложувате нешто од страв, се надевам дека ќе ве инспирирам да ги слушате вашите лекари и да се грижите за себе. Постојат тегови кои никој од нас не може да ги подигне сам. Но, заедно можеме да подигнеме сè, можеме да го подигнеме светот – заклучи Шварценегер.

ФОТО: Икс/Твитер

Поврзани содржини