📸 АРНО ШТО ПРЕЖИВЕАВ Буш се сети дека Пригожин го служел на трпеза со Путин во 2006 година
Киев Пост објави и фотографија од средбата на која се гледа дека Пригожин е во позадината. Но, тоа не беше нивна единствена средба, бидејќи Пригожин е и на фотографијата од друга средба што се одржала четири години претходно.
Поранешниот американски претседател Џорџ Буш тврди дека неодамна дознал дека за време на посетата на Санкт Петербург, поранешниот шеф на Вагнер, Евгениј Пригожин, познат и како „готвачот на Путин“ му послужил вечера. Тој мислеше на средба од 2006 година со Владимир Путин кога Пригожин бил на почетокот на кариерата уште го работел кетерингот за настаните на рускиот лидер, пишува Киев Пост.
– Она што ме шокираше е тоа што пред некој ден видов слика од самитот на Г8 во Санкт Петербург каде Пригожин беше момчето што ми сервираше храна. Тој беше готвач. Знам само дека преживеав – рече Буш преку видео-врска на конференцијата Јалта-Европска стратегија.
Киев Пост објави и фотографија од средбата на која се гледа дека Пригожин е во позадината. Но, тоа не беше нивна единствена средба, бидејќи Пригожин е и на фотографијата од друга средба што се одржала четири години претходно.
Буш на пресконференцијата рече дека Путин „одгризал малку повеќе отколку што можеше да џвака“, мислејќи на актуелната војна во Украина. Според Буш, Путин мора да биде сопрен бидејќи рускиот лидер сака голема империја.
Буш се потсети и на својата прва средба со рускиот претседател, кога, според него, тој имал „поинква душа“ пред да „се зарази со моќ и со пари“.
– Тоа беше во Словенија, на почетокот на 2001 година, кога првпат го сретнав. Тој сакаше да зборува за долгот од советската ера. Му реков: „Дали е вистина дека мајка ти ти дала крст и дека си добил благослов во Ерусалим?“ Тоа беше факт што ми го даде ЦИА како дел од подготовката. И целото лице му се смени. Тој(Путин) од напнат стана опуштен и почна да зборува за својата мајка и крстот – се сеќава Буш.
– И го прашав за неговите ќерки. Тој ми кажа дека има две ќерки, и зборуваше за нивните интереси, а јас зборував за моите ќерки. Започнавме еден работен однос. Го погледнав во очи и ја видов неговата душа. Да го погледнев во очи на крајот од мојот претседателски мандат, ќе видев поинаква душа. Тој се зарази со моќ и со пари. А беше друг тип – заклучил поранешниот американски претседател.