Армиските хеликоптери неможеле да летаат ноќе

453

Сакам да ја информирам јавноста дека хеликоптерите на армијата немаат техничка можност да летаат во ноќни услови. Ова е единствената причина заради која во гаснење на пожарите ќе се вклучат во раните утрински часови, објасни на фејсбук претседателот Стево Пендаровски, по реакциите дека пожарот во Кочани не може да ги чека воздухипловите кои според наредбата на Пендаровски ќе полетаат дури утре наутро.

Претседателот Пендаровски претходно соопшти дека Армијата е вклучена во гаснење на пожарите, и дека во текот на ноќта ќе се следи состојбата на терен и ќе се ангажираат дополнителни сили, како и средства за справување со состојбите и помош на населението насекаде каде што има потреба.






Тој рече дека е одобрил и употрена на воздухопловите, кои денеска веќе интервенирале во Старо Нагоричане, а утре наутро одат на помош во Кочани

 

Поврзани содржини