Армијата на Израел станува комплетно невидлива (ВИДЕО)

Дизајнот беше претставен од израелското Министерство за одбрана и „Polaris Solutions“, израелска компанија која произведува опрема за преживување.

748

Израелската армија создаде маскирна наметка што ги прави војниците буквално невидливи за непријателите.

Новата опрема за маскирање на израелската армија „Кit 300“ (Комплет 300) ги прави војниците невидливи и за човечкото око и за термичките детектори.






Дизајнот беше претставен од израелското Министерство за одбрана и „Polaris Solutions“, израелска компанија која произведува опрема за преживување.

„Кит 300“ е изработен од материјал за термичко визуелно прикривање и тежи само 0,5 килограми, што го прави супер пренослив. Тој е двостран, секоја страна има своја колоризација со цел да се вклопи во теренот на одредено бојно поле.

Другите карактеристики на овој моќен комплет вклучуваат дека е водоотпорен, може да се користи како мал шатор, а може да има и функција на носилка и навлака за хипотермија.

Асаф Пикиото, коосновач и извршен директор на „Polaris Solutions“, рече дека инспирацијата за маскирната наметка потекнува од Втората либанска војна во 2006 година.

Пикиото служел во специјална единица на израелската армија и од прва рака видел како на војниците им е потребна подобра заштита од термални камери и опрема за ноќно набудување.

Неофицијално, неколку израелски единици веќе ја користат оваа опрема за маскирање во некои операции, но овие тврдења не можеа да ги потврдат луѓето од „Polaris Solutions“.

Поврзани содржини