„АРМИЈА ОД КРАДЦИ“ ПРЕД „SQUID GAME“ Трилерот е број еден на Нетфликс (ВИДЕО)

Заплетот на филмот, кој всушност е претпродолжение на „Армија на мртвите“, е сместен во раните денови на зомби-инвазијата во Лас Вегас.

614

Филмот „Армија од крадци“ (Army of Thieves) на Зeк Снајдер ја симна серијата „Squid Game“ од првото место меѓу најгледаните содржини на Нетфликс, по скоро цел месец доминација. Снајдер ја прослави веста на Твитер.






„Армија од крадци“ е број еден во повеќе од 90 земји“, напиша тој.

Заплетот на филмот, кој всушност е претпродолжение на „Армија на мртвите“, е сместен во раните денови на зомби-инвазијата во Лас Вегас. На ИМДБ, филмот засега има оценка 6,4 од 10, а на страницата „Ротен томејтос“, која собира мислења од филмските критичари, има 70 отсто успешност.

Поврзани содржини