🎥 АРКАН ЈА БАКНУВА КАКО БЕБЕ Анастасија Ражнатовиќ сподели ретко видео од Цеца и од татка си
За да го одбележи роденденот, ќерката на познатата српска пејачка Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ, избра да сподели видео, на Инстаграм, на кое се споени интересни снимки од нејзиното детство до денес.
Ќерката на познатата српска пејачка Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ, роденденот си го честиташе со видео кое ја прикажува неа низ годините, од бебе до денес, а меѓу снимките е и една со нејзиниот починат татко, Жељко Ражнатовиќ – Аркан.
Анастасија Ражнатовиќ полни 26 години. Роденденот го прославува во Севиља, Шпанија, каде што живее со сопругот, фудбалерот Немања Гудељ.
Сепак, за да го одбележи роденденот, таа избра да сподели видео, на Инстаграм, на кое се споени интересни снимки од нејзиното детство до денес.
Анастасија избра видеа во кои Цеца е бремена и кажува дека ако има девојче, тоа ќе се вика Анастасија, а потоа и од гостувањето на Цеца кај „Минимакс“, каде што Анастасија има само неколку месеци и првпат е на телевизија.
Но, тука се и моменти од нејзината крштевка и ретка снимка каде што таа е во прегратките на татко ѝ Аркан кој ја гушка и бакнува додека е бебе.
View this post on Instagram