Арифи: Не гледам партнер во ВМРО-ДПМНЕ

867

Потпретседателката на ДУИ и градоначалничка на Тетово Теута Арифи во гостување на ТВ 24 порача дека не го гледа ВМРО-ДПМНЕ како владин партнер.

– Ние на нашиот конгрес имаме јасно ставени линии и тие се однесуваа на Охридскиот, Преспанскиот, Договорот со Бугарија. Сметам дека ако се зборува за континуитет, се подразбира што е континуитет. Велам, додека нема официјален процес на разговори, комбинации може да слушате секакви, но јас мислам дека за ДУИ е важен тој процес на одржување на овие договори, апсолутно се поврзуваат со тие што ги креираа овие договори кои апсолутно ги поддржуваа и работеа на тие договори – рече Арифи.






Според неа, ДУИ не е блеферска партија, туку, како што вели, луѓето веруваат дека тие можат низ процес на разговори да постигнат добри договори.

– Ориентацијата во однос на иднината на земјата и економскиот развој е важен за партијата и во вој момент ДУИ не преговара со ниту една партија за формирање на влада. Никогаш ДУИ не побарало да биде дел од владата, доколку немало победа зад себе и без да има легимитет зад себе – истакна Арифи.

Арифи истакна дека во ВМРО-ДПМНЕ не гледа коалициски партнер. На прашањето дали ДУИ ќе биде дел од владата, таа рече дека партијата не била во владата доколку не добила легимитет на избори.

Поврзани содржини