АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО ВО МАДРИД Реал добива „рудник за злато“ (ВИДЕО)

Клубот од Мадрид се надева дека во иднина ќе биде домаќин на НБА и НФЛ натпревари и на тој начин ќе може да го извлече максимумот од оваа голема инвестиција.

1,118

Реал Мадрид објави видео во кое ги прикажува можностите на реконструираниот стадион „Сантијаго Бернабеу“.

Новиот стадион сѐ уште не е готов, се очекува целата работа да биде завршена за една година. За овој „рудник за злато“ клубот инвестираше 700 милиони евра. Она што најмногу импресионира е системот кој тревата ја претвора во тениски и кошаркарски терени, но и сала за големи концерти.






Клубот од Мадрид се надева дека во иднина ќе биде домаќин на НБА и НФЛ натпревари и на тој начин ќе може да го извлече максимумот од оваа голема инвестиција.

Раководството верува дека од стадионот ќе инкасираат и по 150 милиони евра годишно, па ќе бидат потребни само неколку години за ова „чудо“ да се исплати.

Новиот стадион на Реал Мадрид се очекува да го преземе приматот како најатрактивна туристичка локација во шпанската престолнина, а се наведува дека работите би можеле да завршат до крајот на 2022 година.

Според информациите, отворањето на стадионот е планирано за 14 декември идната година.

Поврзани содржини