АРХИТЕКТИТЕ И ИНЖЕНЕРИТЕ МОРА ДА ГО ДОБИЈАТ ЗАСЛУЖЕНОТО МЕСТО ВО СИСТЕМОТ Коморите најавуваат низа активности во тој правец
Коморите се обврзаа на взаемна поддршка во неколку сегменти, кои се однесуваат на делови од Законот за градење, Законот за Катастар на недвижности, како и законот за Геодетска дејност, кој допрва треба да биде донесен за прв пат во историја на нашата држава.
Улогата на архитектите и инженерите треба цврсто да се позиционира во нашето општеството рамноправни и релевантни чинители за постигнување на поширок општествен напредок, а тоа е можно само преку широка и отворена соработка со сите сродни и релeвантни ентитети – беше нагласено на потпишувањето Mеморандум за соработка меѓу Комора на трговски друштва за геодетски работи и Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
Со документот се утврдуваат начелата за взаемни активности во различни области на соработката. Меморандумот за соработка го потпишаа м-р Кристинка Радевски, Претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери и м-р Никола Рибароски, Претседател на Комората на трговски друштва за геодетски работи.
На потпишувањето на меморандумот м-р Радевски истакна дека цврстото позиционирање на инженерот во нашето општеството и неговата улога како рамноправен и релевантен чинител во меѓународниот инженерски свет е можно само преку широка и отворена соработка со сите сродни и релeвантни ентитети кои ги делат истите вредности и заложби.
– Имајќи го предвид значењето на геодезијата во секојдневието во врска со градбата и управувањето на недвижностите, неминовно е да се каже дека со геодетските работи започнува и завршува секоја градба. Ние сите заедно сме дел од едно цело и само со заеднички сили можеме да го прогресираме инженерството – област која што како ни една друга е одговорна да обезбеди здрава животна средина, растечка економија и подобра иднина за нашите млади генерации. Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи е субјект која во рамки на своето работење регулира значителна област од градежната индустрија. Задоволство е што досегашната наша комуникација ја подигнавме до ова ниво – истакна м-р Радевски.
Тој рече дека со потпишување на овој меморандум со Комората на овластени архитекти и овластени инженери, предвидена е соработка, размена на искуства и взаемна поддршка во неколку сегменти кои се однесуваат на делови од Законот за градење, Законот за Катастар на недвижности, како и законот за Геодетска дејност, кој допрва треба да биде усогласен со останатите закони и донесен за прв пат во историја на нашата држава.
Комората на овластени архитекти и овластени инженери е независна, непрофитна, професионална организација што ги обединува сите инженерски професии во Македонија. Таа е единствената овластена институција која што издава јавни овластувања на архитектите и сите инженери во смисла на нивните професионални компетенции за работа на пазарот на трудот во областа на градежништвото. Комората има повеќе од 3.550 активни членови и е полноправна членка на Европскиот Совет на Инженерски Комори (ECEC) и дел од Светската Федерација на Инженерски Организации (WFEO).