АРХИЕПИСКОПОТ СТЕФАН ЌЕ ГО ПОЛОЖИ КРСТОТ ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО Охрид се подготвува за Водици
Празникот Водици традиционално се одбележува на 19 јануари. Празникот во Охрид ќе биде одбележан со црковни обичаи, а општината организира и богата културна програма.
За прв пат во поновата историја на празнувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици, чесниот крст во водите на Охридското Езеро ќе го положи архиепископот на Македонската православна црква (МПЦ-ОА), неговото блаженство г.г. Стефан.
На голема радост на сите верници оваа година водите на Охридското Езеро за големиот христијански празник Богојавление – Водици, ќе ги освети и ќе го положи Светиот крст Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.
Празникот Водици традиционално се одбележува на 19 јануари. Празникот во Охрид ќе биде одбележан со црковни обичаи, а општината организира и богата културна програма.