АРХИЕПИСКОПОТ СТЕФАН ЌЕ ЧИНОНАЧАЛСТВУВА СО ЛИТУРГИЈАТА НА МАТКА Денеска го славиме успението на Пресвета Богородица
Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица. Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави денес. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта. Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не помина низ смртта како враќање на правот на правот. Веднаш по нејзината смрт таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.
Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица во народот познат како Голема Богородица. Бројни верници и граѓани на овој ден се упатуваат во манастирите и црквите да се помолат пред Мајката Божја.
Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан по повод празникот ќе чиноначалствува со Светата божествена литургија во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матка, крај Скопје. Литургијата започнува во 8:30 часот.
„Возљубени во Христа, Ве покануваме на Богослужбите во чест на Успението на Пресвета Богородица. Ќе ни биде драго заедно со Вас, да ѝ укажеме почит и благодарност на нашата Мајка и заштитничка Пресвета Богородица, која вистински не закрилува нас сите и заеднички достојно да го прославиме Нејзиното Успение“, е пораката што ја упати сестринството од Манастирот.
Во дворот на манастирот традиционално на овој ден се одржува крводарителска акција.
Сестринството упатува апел до граѓаните и верниците, кои за време на празничните денови во голем број доаѓаат во манастирот, да ги почитуваат препораките за заштита од ковид -19: да се одржува физичко растојание од 1,5 метар или задолжително да се носи маска, да се врши дезинфекција на рацете при влез и за време на престојот во манастирот.