Археолозите откопаа мумија со златен јазик, еве го нивното толкување (ФОТО)

Мумијата ја откриле група археолози предводени од Кетлин Мартинез од Доминиканската Република. Тие истражувале вкупно 16 гробници на тој локалитет.

2,428

Археолозите во Египет неодамна дошле до едно необично откритие. На подрачјето Тапосирис Магна, каде што се наоѓале повеќе храмови посветени на боштеството Озирис, научниците ископале мумија стара 2.000 години.

Но, тоа не е обична мумија, туку се разликува од останатите по тоа што нејзиниот јазик е изработен од чисто злато.






Како што објавија тамошните медиуми, археолозите сметаат дека златниот јазик бил направен за покојникот да може да зборува во задгробниот живот. Научниците објаснуваат дека во тоа време имало верување дека во случај покојникот да го сретне Озирис, староегипетскиот бог на подземјето, златниот јазик би му овозможил да искомуницира со него.

Мумијата ја откриле група археолози предводени од Кетлин Мартинез од Доминиканската Република. Тие истражувале вкупно 16 гробници на тој локалитет.

Поврзани содржини