Археолошкиот музеј од утре отворен за посетители

Носењето маска е задолжително во текот на целата посета. Задолжително дезинфицирање на рацете пред влегување во музејот. Одржување дистанца од 1,5 до 2 метра пред билетарницата, како и кај поставката.

304

Археолошкиот музеј соопшти дека од утре почнува да прима посетители кои задолжително ќе се придржуваат на препораките за заштита од ковид-19 и на протоколот за посета на музеј.

– Носењето маска е задолжително во текот на целата посета. Задолжително дезинфицирање на рацете пред влегување во музејот. Одржување дистанца од 1,5 до 2 метра пред билетарницата, како и кај поставката. Препорачуваме бесконтактно плаќање со картичка. Забрането допирање на изложените експонати – соопшти Археолошкиот музеј, кој за јавноста беше затворен од средината на март.






Во соопштението музејот му се заблагодари на рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин, и на тимот на Амбасадата на Руската Федерација за покажаната општествена одговорност со донирање бесконтактен апарат за дезинфекција на раце.

– Апаратот е поставен на самиот влез на музејот, со кој на посетителите им се овозможува уште побезбедна посета на нашата постојана поставка – наведува Археолошкиот музеј.

Поврзани содржини