Архангел ќе настапи на „Таксират“
Концертот ќе се одржи на 11 октомври во СЦ „Борис Трајковски”. Архангел е дел од најзначајните македонски остварувања на сите времиња и претставува темелник на домашната урбаната музика.
Највлијателнатa фигурa во културниот живот на нашите простори, со уметничко влијание поголемо од било која жанровска дефиниција – Архангел, ќе настапи на Таксират Фестивал #22.
Концертот ќе се одржи на 11 октомври во СЦ „Борис Трајковски”. Архангел е дел од најзначајните македонски остварувања на сите времиња и претставува темелник на домашната урбаната музика.
Групата во својата кариера издава четири албуми: Архангел 1 и 2, Heart Core и Небесна машина, преку кои стекнува култен статус како една од најголемите и најквалитетните македонски рок групи.
Како што најавуваат организаторите, концертот ќе се одржи по соодветен протокол, со цел запазување на мерките за заштита од корона вирусот. Носењето маска и одржувањето растојание се задолжителни во текот на целиот настан, а сите билети се исклучиво за седење.
„Капацитетот на просторот и билетите се ограничени. Концертот ќе се одржи по соодветен протокол, со цел запазување на мерките за заштита од коронавирусот“, велат организаторите.