АРГЕНТИНА И ПОЛСКА ОДАТ ПОНАТАМУ, МЕКСИКО ТАГУВА Подобрата гол разлика им заврши работа на Полјаците

Со оваа победа Аргентина го освои првото место во групата и со тоа ја избегна Франција.

285

Аргентина вечерва со 2-0 ја победи Полска и се пласираше во осминафиналето, а таму ќе бидат и Полјаците благодарение на подобра гол разлика од Мексико, кој со 2-1 ја совлада Саудиска Арабија. Со оваа победа Аргентина го освои првото место во групата и со тоа ја избегна Франција.

Аргентина напаѓаше во текот на целиот меч, а Полска се определи за одбарна и на крајот ја оствари целта. Во 39. минута Меси промаши пенал, Шчесни го одбрани неговиот удар. Пеналот за Аргентина беше крајно сомнителен. По само неколку секунди во вториот дел МекАлистер даде гол за водство на Аргентина од 1-0. Во 67. минута погоди и Алварез за 2-0, тоа беше конечниот резултат на натпреварот.






На другиот меч беше драматично. Мексико со головите на Мартин и Чавез во вториот дел имаше водство од 2-0 и бркаше уште еден погодок за да ја надмине Полска. Но, наместо тие да дадат трет гол, Ал Давсари во 95. минута постигна почесен погодок за Саудиска Арабија за конечни 2-1 за Мексико.

Аргентина со шест бода го освои првото место, Полска е втора со четири бода, толку има и Мексико кој е на третото место, а последна е Саудиска Арабија со три бода.

Поврзани содржини