Аргентина ќе произведува ГМО пченица, но кој ќе ја купува

Ниту една земја во светот сѐ уште нема одобрено увоз на ГМ пченица, затоа дозволата нема да биде значителен поттик за аргентинските земјоделци да почнат да сеат нова сорта пченица.

383

Аргентина денеска официјално стана првата земја во светот што одобри генетски модифицирана пченица отпорна на суша.

„Трансгената пченица HB4 развиена од Биосерес и француски Флоримонд Деспрез добро поднесува суша и е отпорна на хербицидот глуфозинат натриум“, се вели во службениот весник на аргентинската Влада.






Семето, сепак, не може да се продава во Аргентина се додека неговиот увоз не биде одобрен од Бразил, најголемиот купувач на пченица во Аргентина.

Ниту една земја во светот сѐ уште нема одобрено увоз на ГМ пченица, затоа дозволата нема да биде значителен поттик за аргентинските земјоделци да почнат да сеат нова сорта пченица.

Еколошките групи предупредуваат дека не се знае доволно за генетски модифицираните култури за да им се овозможи на луѓето да ги консумираат.

Поврзани содржини