Јаревски: СДСМ да го прифати амандманот за заштитната зона ЛЕПЕНЕЦ-НЕРЕЗИ и да се исперат од срамот на Шилегов и Богоев
Јарески побара да почне ремедијацијата на замјиштето кое сега е депонија за да не се загадат бунарите за вода.
Сите граѓани знаат дека тука направија криминал, дека тука правеа пари на сметка на нашето здравје. Тука затрупаа еко бомба. Ветуваа парк, а создадоа депонија. Сите знаат дека незаконски се полнат џебови на сметка на уништување на животната средина и ризикот по нашето здравје, рече на денешниот протест во Карпош Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Жителите на овие згради околу нас, во сред полициски час пролетта беа сведоци на едно злосторство. Немоќни ги гледаа стотиците камиони што увезуваа песок и чакал, и синхронизирано камиони кои истураа секаков отпад и шут. Денес благодарејќи на дискусијата во Собранието знаме дека Петре Шилегов и Стефан Богоев се лицата што стојат позади оваа катастрофа – рече Јаревски.
Тој рече дека СДСМ нема да ги држи институциите вечно во заробеништво и еден ден тие што прават киминал ќе бидат казнети.
– ВМРО-ДПМНЕ, пратеникчката Гордана Сиљаноска Давкова поддржана исто така од пратеникот Љупчо Пренџов стоејќи цврсто на своите заложби за чиста животна средина и грижата за здравјето на граѓаните поднесоа амандман на буџетот за 2021 година со кој треба да се обезбедат средства за санација и ремедијација на новосоздадената депонија. со поднесување на овој амандман и со овој денешен протест им даваме можност на СДСМ да се исперат од срамот што Шилегов и Богоев им го нанесуваат на ним, карпошани и на граѓаните на Скопје – рече Јеревски.
Тој побара власта да го прифати амандманот и да спречи еколошка катастрофа.
– Отпочнете итна постапка за санација и ремедијација на втората заштитна зона на бунарското подрачје НЕРЕЗИ-ЛЕПЕНЕЦ – рече Јаревски