Арбреша Реџепи нема да биде знаменосец на Oлимписките игри во Токио, имала контакт со заразен од ковид-19

Џудистката заедно со Дејан Георгиевски требаше да бидат двајцата кои ќе го носат македонското знаме на отворањето на Олимписките игри.

1,691

Џудистката Арбреша Реџепи нема да присуствува на отворањето на Летните олимписки игри во Токио бидејќи е во изолација поради контакт со позитивен на коронавирусот, соопшти Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Таа заедно со Дејан Георгиевски требаше да бидат двајцата кои ќе го носат македонското знаме на отворањето на Олимписките игри.

„Арбреша Реџепи заради близок контакт со позитивен на ковид-19 е во делумна изолација и таа нема да може да присуствува на церемонијата на отворање на игрите. Со самото тоа Реџепи, заради правилата на ИОК, нема да може да го носи македонското знаме на церемонијата на отворањето на Олимписките игри Токио 2020. Сепак, таа со посебен транспорт обезбеден од страна на МОК оди на тренинг и секако ќе има право да настапи на Олимпискиот џудо турнир. Реџепи во првото коло на Олимпискиот џудо турнир ќе се бори против Жил Челзи, од Велика Британија“, се вели во соопштението на Македонскиот олимписки комитет.

Поврзани содржини