АРБЕН ТАРАВАРИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ФУНКЦИЈАТА МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО „Останувам отворен за соработка и за поддршка во иднина“

Одговорноста што ја преземав со оваа функција ја извршував со максимална посветеност, транспарентност и чувство на должност кон граѓаните и државата, се вели во оставката на Таравари.

389

Министерот за здравство Арбен Таравари попладнево поднесе оставка од функцијата.

„Почитуван Премиер Мицкоски, со ова писмо, Ве известувам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата Министер за здравство на Република Северна Македонија. Одговорноста што ја преземав со оваа функција ја извршував со максимална
посветеност, транспарентност и чувство на должност кон граѓаните и државата. Одлуката ја донесувам по внимателна лична и професионална проценка, уверувајќи дека овој чекор е во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи“, се вели во оставката на Таравари.






Ви благодарам за довербата и можноста да бидам дел од Владата во еден исклучително значаен период за здравствениот систем, се додава во оставката до премиерот Мицкоски.

„Останувам отворен за соработка и поддршка во иднина, секогаш водејќи се од јавниот
интерес“, пишува Таравари.

Поврзани содржини