АРАПСКИТЕ ЕМИРАТИ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ДА ИНВЕСТИРААТ ВО МАКЕДОНИЈА Ќе се склучат договори за стратешко партнерство и за слободна трговија

Интересот е конкретен, а финансирањето може да се обезбеди од нивна страна. Портфолиото на интерес е широко. Товарот за реализација на овие проекти лежи кај нашето министерство и ние, како институција, заедно со претседателот на Владата и со другите надлежни институции, работиме максимално внимателно и одговорно на овој договорен аранжман со Обединетите Арапски Емирати - рече министерот Муцунски.

1,251

Постои сериозен интерес од страна на Обединетите Арапски Емирати за инвестирање во Македонија, како и за подготовка и склучување на два значајни договора во областа на економската и трговската соработка, соопшти синоќа министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интревју за 360 степени на МТВ1.

– Нашата цел е со Обединетите Арапски Емирати да изградиме специфично и посебно партнерство, бидејќи станува збор за држава која има реализирано успешни капитални проекти и со која, од стратешка гледна точка, делиме многу исти ставови – истакна министерот Муцунски.






Тој информираше дека во моментов постои активен институционален дијалог меѓу двете страни.

– Со ОАЕ веќе водиме активен дијалог помеѓу нашето министерство и нивното министерство за два договора – договор за стратешко партнерство, кој ќе ги олесни меѓусебните инвестиции, и договор за слободна трговија – нагласи Муцунски.

Говорејќи за конкретните можности, министерот посочи дека интересот од страна на Обединетите Арапски Емирати е јасен и конкретен.

– Интересот е конкретен, а финансирањето може да се обезбеди од нивна страна. Портфолиото на интерес е широко. Товарот за реализација на овие проекти лежи кај нашето министерство и ние, како институција, заедно со претседателот на Владата и со другите надлежни институции, работиме максимално внимателно и одговорно на овој договорен аранжман со Обединетите Арапски Емирати – рече министерот.

Муцунски нагласи дека Владата има јасна амбиција за подобрување на животниот стандард на граѓаните, преку привлекување странски инвестиции и поддршка на домашните компании.

– Владата има конкретни резултати во привлекувањето странски инвестиции и во промоцијата на нашите компании во странство, и ќе продолжи максимално фокусирано да работи на овие проекти – истакна тој.

Во однос на динамиката на инвестиционите одлуки, министерот посочи дека станува збор за сложен процес кој бара внимателен и одговорен пристап.

Како потврда за сериозноста на разговорите и насоката на соработката, Муцунски го издвои своето неодамнешно присуство во Обединетите Арапски Емирати и учеството на форум од затворен формат „Сир бани Јас“, нагласувајќи дека бил првиот министер за надворешни работи од нашата земја поканет да учествува на овој форум.

 

Поврзани содржини